Скопје, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денес ја „фрли“ петтата „Бомба“. Тој објави информации, за како што кажа, како „братучедите Никола Груевски и Сашо Мијалков, прислушувале за лични цели и целосна контрола врз се` во државата“.
– Така овие луѓе се одржуваат на власт. Јасно е сега зошто Груевски осамен излезе на прес конференцијата со нереални тези и лаги. Се работи за негово сопствено спасување. Празни фази за некаква тактичка опрема клонирани системи и странски служби, само за да покаже дека бил загрозен. Тој освен што се стави во улога на полициски портапартол, ја молеше јавноста да ги затвори и очите и ушите за овие грозотии и да му веруваат дека тој не е нечовек и неговите соработници не се нелуѓе, изјави Заев.
Ќе ја слушнете суровоста и одмаздничкиот порив на овој човек кој со соработниците сака „да ги сотре сите кои не размислуваат како него“, истакна Заев.
– Никола Груевски лично ја контролирал акцијата за уривање на објектот „Космос“ на Фијат Цановски, договара манипулации за да се оправда пред меѓународната заедница. Министерот Миле Јанакиевски ги прима наредбите, а нарачателот Никола Груевски диктира кога да се проследи решението за рушење на објектот „Космос“. Тој лично бара да се менува ДУП и да се пристапи кон преадаптација на просторот во парк со фонтани, напомена Заев на денешната прес конференција.
Новата петта бомба на Заев дојде само два дена по последната на која тој објави дека биле прислушувани над 100 новинари и од провладините и професионалните новинари кои критички ги опсерираат состојбите во државата, изјави тогаш Заев, кој напомена дека најследениот новинар во Република Македонија бил сопственикот на неделникот „Фокус“, Никола Младенов.
Тој тогаш објави делови од шест телефонски разговори кои биле обезбедени, како што рече, од храбрите луѓе на службите на Груевски кои со него ги споделиле материјалите. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива видео: СДСМ