Скопје, 20. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – „Мијалков, Јанкуловска, Протуѓер, во соработка со главниот уредник на Сител – Драган Павловиќ Латас и сопственикот на Канал5 – Емил Стоименов го договараат филмот апс на Бошковски за негово целосно понижување, а јавноста да биде згрозена од случувањата“, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој од Бихаќка објавува нова снимка, пренесува Нова ТВ.
Заев вели дека уште на денот на апсењето на Бошковски, Мијалков знаел на колку години ќе биде осуден.
– Од разговорите ќе ви стане јасно какви заложници сме сите во сопствената држава, каде нема систем, туку се е издиригирано од таа мала група – фамилијата на Никола Груевски, посочува Заев. (Крај)
извор: Нова Тв фото: архива
Прочитано: 19