Скопје/Охрид, 17. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Почитуваниот охридскиот советник Нефи Усеини самиот да си ги тргне дивоградбите или тоа да го направи општината. Во спротивно ќе му ги урне државата – ова е ставот на Владата за дивоградбите под чиј товар Охрид би можел да биде впишан на ризичната листа на UNESCO.
Премиерот Заев посочи дека пред неколку дена зборувал со охридскиот градоначалник Константин Георгиески, кому му порачал дека очекува локалната власт да се справи со дивоградбите преку нивно уривање.
Ако тоа не се случи, најавено е одземање на надлежностите на локалните функционери и целата работа во свои раце би ја презела Владата. Ако Владата стане надлежна за овој проблем, според Заев, резултатот не би можел да биде поинаков освен уривање на дивоградбите, вклучувајќи ги и оние на советникот од ДУИ, Нефи Усеини.
Освен на Георгиески, ваквото сценарио му било посочено и на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој пред неколку дена свечено му ја отвори пицеријата-дивоградба на Усеини во заштитеното охридско градско подрачје. (Крај)
извор: 360Степени фото/видео: Алсат