Скопје, 9. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави дека најмалку 20 илјади луѓе биле прислушкувани во текот на изминатите неколку години.
Тој обвини дека прислушкувањето било масовно и незаконско, а го споведувале неколку луѓе од безбедносните служби по директна наредба на директорот на УБК Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски. Тој објави аудио снимка на која новинарката на Радио Слободна Европа Мирјана Спасовска го бара за изјава и потоа следи целиот нивен разговор.
– СДСМ поднесе кривични пријави против директорот на УБК Сашо Мијалков, раководителот на Петтата управа на МВР Горан Груевски и непознати лица во безбедносните служби. Во прислушкуваните разговори нема само разговор меѓу Мијалков и Груевски, што зборува дека тие стојат зад ова, изјави Заев. (Крај)
извор: РСЕ фото: мкд.мк