февруари 25, 2015

Скопје, 25. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе ја слушнете суровата и свирепа вистина за тоталната контрола на Никола Груевски, братучедот Мијалков и неколкумина соработници креираат лажна реалност за да се одржат на власт.

– Сето ова се прави од еден Центар, односно УБК од каде се прислушуваат над 100 новинари во Република Македонија. Следени се сите – и новинарите од провладините и професионалните новинари кои критички ги опсерираат состојбите во државата, изјави Заев.

Тој на прес конференцијата објави делови од шест телефонски разговори кои биле обезбедени, како што рече, од храбрите луѓе на службите на Груевски кои со него ги споделиле материјалите.

– Ова е уште едно мало потресувачко парче за тоа во каква држава живееме и со кого си имаме работа, додаде Заев, кој напомена дека најследениот новинар во Република Македонија бил сопственикот на неделникот „Фокус“, Никола Младенов. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука