Скопје, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – По повод три години од своето постоење Post Global Recordings организира акустичен концерт на дуото Kocher – Manouach од Швајцарија и жив настап на Amplidyne Effect (Македонија).
Настанот ќе се случува во четврток, 26 февруари и 27 февруари во просториите на Автономен Културно Социјален Центар Скопје, со почеток во 20 часот.
Заедничкиот концерт ќе биде микс на акустичен концерт на дуото Kocher – Manouach и настапот на македонскиот амбиентален артист Amplidyne Effect.
Вториот ден од овој настан и македонскиот музичар Мартин Георгиевски под својот псевдоним Amplidyne Effect со свој жив настап.
Дуото Kocher – Manouach е составено од Jonas Kocher на хармоника и Ilan Manouach на сопрано саксофон, кој пред неколку години се сретнуваат во Атина додека работат на импровизациски проект со звук и движење. Скоро по тоа развиваат дуо – соработка, со еклектичен пристап кон импровизација, отаде било кој стил, додека ги користат истите алатки на практиката на слободна импровизација. Во подготовка е и нивниот нов албум. Додека звукот на Amplidyne Effect претставува фузија на амбиент, дрон и експериментална електроника; амалгам на долги гитарски делници и длабоки амбиентални пасажи на моменти вознемирени со неочекуван ритам. Покрај својата соло работа, тој е дел е и од проектот Post Global Trio.
Во рамките на овој настан (втората вечер) ќе биде прикажан и документарниот филм за артистот кој се смета за основоположник на амбиенталната музика Brian Eno – Another Green World.
Post Global Recordings e нет платформа за музика и звук фокусирана на амбиент, дрон, теренски снимки, саундскејп, пост класика и други сродни естетски форми, чија цел е да промовира нови артисти со сличен пристап во музиката и животот. Сајтот на издавачката етикета има улога и на мала галерија за пејзажна фотографија, каде ќе се изложуваат дела на различни артисти кој работат во оваа област. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива