август 1, 2019

Охрид, 1. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Започна финалното одбројување до новиот подвиг на Охридскиот супер херој Марко Пејчиновски, кој на 28-ми август, ќе плива за поддршка на лицата со ретки болести.No photo description available.Image may contain: 1 person, smiling, standing, ocean, sky, outdoor, water and nature

– Специјално за овој настан изработени се маици во бела и црна боја за поддршка на лицата со ретки болести. Истите ќе чинат 300 денари, а приходот од секоја продадена маица ќе оди за помош на оваа категорија граѓани. Заинтересираните лица кои сакаат да купат маица треба да извршат нарачка преку порака на нашата страна, во која треба да се наведе: боја, големина и количина, по што ќе бидете контактирани од нашите адмнистратори за сите детали. Маиците за поддршка на лицата со ретки болести ќе може да се нарачуваат заклучно со 15.08.2019 година, по што нарачателите ќе бидат информирани каде ќе може да ги подигнат, порачуваат од тимот на Марко Пејчиновски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука