јули 5, 2017

Охрид, 5. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Само неколку часа откако беше закажано, од Секторот за туризам и ЛЕР при Општина Охрид ја откажаа традиционалната манифестација „Бело лето“ со која секоја година симболично се означува почетокот на летната туристичка сезона во Охрид.

Според одговорните во Општина Охрид, манифестацијата е откажана „заради моменталната состојба во која се наоѓа Општина Охрид, а за датумот и одржувањето на истата граѓаните ќе бидат дополнително информирани“.

Официјалниот почеток на оваа летна туристичка сезона требаше да биде означен во петок, на 7-ми јули во предворјето на црквата „Света Софија“ со прикажување на драмата „Коштана“ во изведба на театарот „Славија“ од Белград, Република Србија. Во сабота, на 8-ми јули, на плажата „Лабино“ со свој перформанс беше предвидено да настапи светски реномираниот џез музичар Владимир Василески – Четкар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука