Скопје, 10. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонското Собрание денеска ќе ја продолжи 104. седница, која ја почна вчера.
На дневен ред е и Предлог-законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион во прво читање, кој вчера помина на Комисијата за култура.
Новиот закон за управување со природното и културното наследство е согласно советите и условите што УНЕСКО ги истакна во последниот извештај, а законот вчера не расправата во матичната Комисија не беше поддржат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Образложението беше дека предвидениот мораториум и за градба во Охрид и слични мерки, можеле да се спроведат и со постоечкиот закон. Забелешки имаше и во однос на составот на советот, што треба да се формира согласно предлогот. Според опозицијата, законот ги амнестира градоначалниците од одговорност.
Според пратениците од СДСМ законот треба да се донесе што е можно поскоро бидејќи Охрид се наоѓа во страшна состојба и УНЕСКО бара реална разработка на план за справување со големата криза, а одговорноста за таа состојба треба да се бара кај сите.
Комисиската расправа беше прекината поради почеток на пленарната седница и дополнително ќе биде закажана. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива