март 19, 2020

Охрид, 19. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Занаетчиството на локално и државно ниво датира од многу одавна, а добро развиено занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност, реагираат од Занаетчиската Комора на Република Македонија.

– Модерните Занаетчиски регионални комори кои ја формираа и основаа Занаетчиската Комора на Република Македонија (ЗКРМ) се стремат да го издигнат и покажат дека занаетчиството е се околу нас, и дека со занаетчиство може да се живее и работи. Законот вели дека занаетчиска дејност е занаетчиско производство, занаетчиска услуга, уметничко занаетчиство и домашното ракотворење. Меѓу другото, а со оглед на битноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја, неминовно акцентирање на улогата на Регионалните комори како институции кој придонесуваат за развој на занаетчиите, а со самото развивање и на ЗКРМ, која ќе биде двигател на развој на општи стандарди, едукацијата, со поставување на стандарди на занаетчиски производи ќе се овозможи на поволна финансиска и кредитна политика, за развој на занаетчиството, потенцираат од ЗКРМ.

Додаваат дека поради новонастаната ситуација во државата со Коронавирусот, потребно е како дел од стопанството кое во мометов е целосно блокирано, да се преземат чекори за надминување на кризата каде занаетчиството е дирекно погодено.

– Наш предлог е да се ослободиат занетчиите од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците март, април и мај, или се’ до моментот додека не се стабилизира состојбата во државата. Предлагаме да се овозможат и времен престанок на занаетчиите кои се во директен контакт со луѓето како фризери, козметичари, педикири, маникири, шиење на горна и долна облека и слично, реагираат од Комората. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука