Охрид, 19. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во охридската територијална противпожарна единица пријавена запалена тревна површина во близина на дрварата во Лескајца.
Екипа пожарникари со едно возило се веќе на терен и интервенираат. Причините сеуште се непознати, но не е исклучено поради високите температури и од невнимание да дошло до палење на тревата.
И натаму важат препораките на ДЗС и министерството за внатрешни работи за заштита од пожари, да не се палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не се фрлаат неизгаснати цигари на отворен простор. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37