Охрид, 8. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ноќеска е пријавен случај на запалено возило во стариот дел на градот, по што од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Охрид апелираат до сите граѓани, возилата во овој дел да се паркираат на соодветни места, за да имаат полесен пристап за интервенција.
– Ноќеска, нешто по 01:30 часот, ТППЕ Охрид прими дојава за запалено возило во стариот дел на град, на тешко пристапен терен. Апелираме граѓаните да ги паркираат своите возила на соодветни места како би овозможиле полесен пристап на возилата на ТППЕ и Брза Помош, стои во апелот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ТППЕ Охрид
Прочитано: 172