Охрид, 14. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Запленет кокаин и марихуана на патот Охрид-Св. Наум, приведени двајца дилери.Вчера во 19:40 часот од страна на полициски службеници на СВР Охрид на регионалниот пат Охрид-Св.Наум приведени се Л.Г.(34) и А.В.(39) и двајцата од Скопје поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори. При извршениот претрес во патничките моторни возила марка ,,Опел вектра’’ и ,,Фолксваген пасат’’ и двете со скопски регистарски ознаки, кои биле управувани од Л.Г. и А.В., и во стан кој го изнајмил еден од приведените, пронајдени се марихуана, кокаин, дигитална вага и други предмети. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 17