мај 26, 2021

Скопје, 26. мај 2021 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започна вакцинација на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести, информираше министерот за здравство на Република Македонија д-р Венко Филипче.

– Се вакцинираат и родители и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести. Покрај овие лица ќе се вакцинираат и пациентите со цистична фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со цистична фиброза. Вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2.000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или самите се донори, додава министерот Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука