Охрид, 23. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од програмата на второто издание на Ohrid Water Festival, денеска на градскиот базен „Атина Бојаџи“ беше означен почетокот ОФВ Пливачкиот митинг кој го организира Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид.
На официјалното отворање на настанот во името на Општина Охрид учесниците ги поздрави Советникот во Советот на Општина Охрид, Наум Јамандиев.
Во текот на двата натпреварувачки дена предвидени се трки во две дисиплини, по што следува свеченост за доделување на наградите на најдобрите пливачи во машка и во женска категорија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28