Започна изведбата на нова водоводна линија на улицата „Коча Миленку“
декември 2, 2024

Охрид, 2. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“ од Охрид започнаа со градежни активности за изведба на нова водоводна линија на улицата „Коча Миленку“.

– Според проектот предвидено е поставување на комбиниран цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 230 метри и ф63 мм во должина од 100 метри. Овој зафат е со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите во овој реон, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука