Охрид, 15. јули 2024 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски денеска извршија увид на работните активности за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во населба „Видобишта“.
Градоначалникот Пецаков истакна дека со изградбата на ова мултифункционално игралиште Општина Охрид продолжува да инвестира во спортската инфраструкура која е од големо значење за правилен раст и развој на најмладите.
Игралиштето кое ќе биде наменето за фудбал и ракомет се протега на површина од 1320м2 и на истото ќе биде поставена специјализирана гумирана подлога на површина од 230м2. Покрај делот кој е наменет за спортување ќе се изврши хортикултурно уредување на целиот простор и ќе биде поставено соодветно осветлување.
Вредноста на оваа инвестиција е 7.622.151 денари и истата е целосно финансирана од буџетот на Општина Охрид.
Како дел од денешната работна агенда, градоначалникот Пецаков заедно со министерот за спорт, Борко Ристоски извршија увид и на состојбата на затворениот базен во Охрид, чија што изградба се уште не е завршена. При посетата беше потенцирано дека ќе се вложат сите напори, изградбата на овој капитален објект да биде финиширана што поскоро. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива