септември 4, 2017

Охрид, 4. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Учениците во основните и средните училишта денеска се вратија во школските клупи.

Охридските училишта подготвени го дочекаа почетокот на новата учебна година. Единствено првиот училишен ден го поминаа во школскиот двор учениците од ОУ „Братство и единство“. Поради сеуште несанираниот главен влез кој беше сериозно оштетен од земјотресите, од Советот на родители стравувајќи за безбедноста на децата одлучија да ја бојкотираат наставата.

Со свечена програма, со желби за успешен почеток, во училиштата беа дочекани најмалите, провоодделенците кои за првпат влегуваат во образовниот процес. Според податоците од Одделението за образование при локалната самоуправа во учебната2017/2018 година во Охрид се запишани 495 првачиња.

prvacinja1

Споредено со минатата година, кога беа запишани 540 првоодделенци, годинава забележлив е пад во бројот на првачиња. Како причини кои се наметнуваат белата чума на денешницата, односно иселувањето од Охрид како и намалениот наталитет. Кон ова во прилог оди и последната одлука на охридските советници во оваа учебна година во охридските основни и средни училишта да се формираат паралелки со помалку од 24 односно 25 ученици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука