Охрид, 4. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Започнува новогодишното украсување на Охрид, за што ќе се користат реквизитите што веќе ги поседува општината, а за дополнителна набавка се одвоени околу 1.400.000 денари.
Новогодишното украсување на градот планирано е да биде завршено пред празникот Св. Климент.
Инаку, на Градскиот плоштад ќе има организиран дочек на Новата година, а кој ќе биде задолжен за забавата ќе се дознае наскоро бидејќи при крај е подготовката на програмата. Забави ќе има пред и по дочекот на најлудата ноќ, како за возрасните, така и за најмладата популација.
Очекувањата се дека и годинава најголемиот туристички центар во Република Македонија ќе привлече бројни посетители, како од земјава така и од странство. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес