Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во „Куќата на Уранија“ во Охрид денес попладнево се отвори петтата Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми.
Денес светот се соочува со голем број на проблеми, особено со глобализацијата, миграциите, туризмот, фундаментализмот, радикализмот, смета проф. Д-р Рубин Земон од Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје.
– Оваа година има најголем број на учесници, 57, од 11 земји. Имаме предавачи од Македонија, Турција, Србија, Бугарија, Грција, Албанија. Се надеваме дека оваа конференција, како и секоја година, ќе даде научен придонес кон современите проблеми и пречки кои ги имаме во развојот на светот. Ние сакаме како експерти дадеме наш придонес да што побрзо се решат овие проблеми, објаснува проф. Д-р Земон.
Во однос на еден од проблемите со кои се соочува светот, исламскиот радикализам, проф. Д-р Земон додава дека научниците даваат насоки, кои е пожелно да се применат.
– Тоа е предизвик, не само на Балканот, туку и во светот. Во секој случај тој исламски фундаментализам ги има своите историски корени многу длабоко, не е само во современието. Научните можат да дискутираат за тоа како тема, а ако се послушаат за насоките, ќе биде подобро за земјите за справување со овој проблем, дополна проф. Д-р Земон.
Конференцијата е во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија (Република Турција), како и организацијата „Мирас“ од Баку (Република Азербеџан).
Темата на овогодишната меѓународна конференција е „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес