јули 1, 2019

Охрид, 1. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Тешките товарни возила, чија вкупна маса преминува 15 тони, од денеска до 31-ви август за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, имаат забрана за сообраќање во петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и во недела од 09:00 до 22:00 часот.

– Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот, соопштија од АМСМ.

Додаваат дека ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Имено, за време на викендите е воспоставен времен сообраќаен режим и на магистралниот пат А2, делница: Скопје-Охрид-Скопје, кој се однесува на тешки товарни возила, чија маса надминува 7,5 тони.

Од 1 јули до 1 септември тешките товарни возила, имаат забрана за сообраќање во петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота 07:00 до 12:00 и 18:00 до 24:00 часот и недела 07:00 до 22:00 часот.

Од АМСМ информираат дека посебниот сообраќаен режим се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во земјата, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. (Крај)

извор: standard.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука