Охрид, 17. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Центарот за напредни истражувања, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на проучувањето на културното Наследство од Баку, Азербејџан, Универзитетот Ајдин Аднан Мендерес од Турција, Институтот за напредни студии од Косзег, Унгарија, денеска започна со работа Меѓународната научна конференција „Охрид- Водици 2025“, која ќе трае до 19-ти јануари.
Oваа година конференцијата ќе се одржи во два града- Битола и Охрид, а тематски е фокусирана на „Колективната меморија,политики на меморија и современите идентитети во контекст на локалните, регионалните и глобалните конфликти и сојузи“.
На конференцијата ќе бидат презентирани 54 трудови од 68 учесници кои доаѓаат од 14 држави.
Охридскиот дел од конференцијата се одржува во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, во „Куќата на Уранија“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива