Скопје, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Започна проверка на податоците во избирачкиот список за претстојните претседателски и парламентарни избори и ќе трае до 18 март, до полноќ.
Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа може да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) или електронски на izbirackispisok.gov.mk
Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК на следната адреса: [email protected].
Подрачните одделенија и канцелариите на ДИК за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот 08:00 до 20:00 часот, вклучително во деновите сабота и недела, како и за време на празници, а на 18 март до 24:00 часот.
За текот на увидот и бројот на граѓани кои ќе извршат увид, ДИК ќе информира на дневна основа и постојано ќе апелира граѓаните да го искористат ова свео право во интерес на изборниот процес. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива