Охрид, 28. февруари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По повод почетокот на престојните велигденски пости, Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во недела, на 1-ви март 2020 година – Прочка, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, со почеток во 16:00 часот, ќе се служи вечерна богослужба (едноцрквие).
Исто така од понеделник до четврток ќе има едноцрквие во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
– Утрена со часови и вечерна во 07:00 часот
– Големо повечерие со канонот на Св. Андреј Критски 16:00 часот
– Во среда, на 4-ти март 2020 година, архиерејска преждеосвештена литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреовештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
– Во петок, на 6-ти март 2020 година – утрена со часови и преждеосвештена литургија во 06:00 часот
– во 16:00 часот – мало повечерие и Акатист на Пресвета Богородица
На првиот акатист од Велигденскиот пост Неговото Високопреосвештенство Митрополит господин Тимотеј ќе богослужи во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско.
Во петок богослужби ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
– во сабота, на 7-ми март 2020 година – Тодорова сабота Архиерејска литургија во манастирот „Св. Климент и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј.
– во недела на 8-ми март 2020 година – Недела на Павославието Архиерејска литургија во црквата „Св. Никола“ – Геракомија, со почеток во 08:45 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овие празници. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива