март 19, 2017

Охрид, 19. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Популарното талент шоу Ohrid SUPERSTAR преминува во нова фаза.

Како што беше најавено, од втората половина на месецов започнуваат елиминационите аудиции со кандидатите.

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид денес жири комисијата ќе има малку потешка задача, каде ќе треба построго да се оценуваат кандитатите – таленти.

Во текот на април е предвидено големото полуфинале и финале. Најдобрите ќе се одбираат по две основи: според гласовите на жири Комисијата и според гласањето на публиката, што ќе важи само за полуфиналната и финалната вечер, велат од Супер радио, од каде испраќаат и официјална благодарница до компаниите кои ги поддржаа младите таленти од Охрид и Струга: ПН Метал, Жито леб и Винчини.

За најдобрите се обезбедени богати награди – парична награда од 2.000 евра, снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и започнување на Тв и Радио проект. Сите кои го следат шоуто можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страница на Facebook.

Носители на проектот се Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, а главен медиумски партнер е регионалната О2 телевизија. Медиумски поддржувачи се и порталите: Ohrid1, OhridNet, OhridPres, WebOhrid, Ohrid24, StrugaOnline и Inpress, како и струшкото Плеј радио.

Видео материјалот од денешната аудиција ќе се емитува на програмата на Регионалната О2 телевизија следната сабота во вечерните часови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука