Мадрид, 2.мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Реал и Атлетико, вечерва ќе го одиграат првиот полуфинален дуел во Лигата на шампионите.
Мадридските клубови во последните три години два пати играа во финалето, Реал победи во 2014 и во 2016 година, а во 2015 „кралскиот клуб“ го елиминира градскиот ривал во четвртфиналето.Атлетико Мадрид оваа сезона ја има најдобрата одбрана во Примера, на 35 натпревари има примено само 25 гола , додека Јан Облак на последните 12 меча е совладан само четири пати.
Првото полуфинале во ЛШ ќе се одигра на „Сантијаго Бернабеу“, додека утревечер на програмата е второто полуфинале помеѓу Монако и Јувентус. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: FB
Прочитано: 19