февруари 16, 2017

Манчестер, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска на стариот континент продолжуваат фудбалските возбудувања,на програмата се првите 1/16 финални мечеви од Лигата на Европа.

Најинтересно се очекува да биде во Манчестер на дуелот помеѓу Јунајтед и Сент Етјен каде браќата  Погба – Пол и Флорентин ќе играат еден против друг.

Тоа ќе биде нивна прва пресметка во европските купови, па Флорентин сакал да ја одбележи на посебен начин, со специјална фризура. За таа цел, тој на главата ги “напишал” бројките 6 и 19, неговиот и бројот на брат му.

Денешните 1/16 финални парови во ЛЕ :

17:00 Краснодар – Фенербахче
19:00 АЗ Алкмар – Лион
19:00 Астра – Генк
19:00 Селта Виго – Шахтјор
19:00 ФК Ростов – Спарта Прага
19:00 Гент – Тотенхем
19:00 Лудогорец – ФК Копенхаген
19:00 Менхенгладбах – Фиорентина
19:00 Олимпијакос – Османлиспор
21:05 Андерлехт – Зенит Петербург
21:05 Атлетик Билбао – АПОЕЛ
21:05 Хапоел Шева – Бешикташ
21:05 Легија – Ајакс
21:05 Манчестер Јунајтед – Сент Етјен
21:05 ПАОК – Шалке
21:05 Виљареал – Рома. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука