јануари 12, 2017

Струга, 12. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Општина Вевчани започнува официјалниот дел од годинешното издание на Вевчанскиот карневал 2017.

Главна атракција за годинешниот карневал ќе бидат женскиот бенд од Нови Сад „Фрајле“. Од домашната сцена ќе настапат дуото ДНК и групата Нокаут, додека од фолк сцената, посетителите и туристите ќе ги забавуваат Анета Наковска и Ефто Пупиновски.

Годинава, музичката и промотерска продукција „Пасворд” е организатор на музичкиот и на забавниот дел на карневалот. Музичкиот дел почнува вечерва од 21 часот.

Гостите на карневалот ќе ги забавуваат аренби дуото ДНК, женската четворка од Нови Сад “Фрајле”, и за крај, групата “Нокаут”.

Утре во 13 часот е традиционалното дефиле на маските, кое ќе трае цело попладне, а потоа ќе следи вториот музички ден. Од 21 часот ќе пеат Анета Наковска и Ефто Пупиновски.

vevcanikarneval2017

Вевчанскиот карневал завршува на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

Градоначалникот Угриновски потсети дека еден од најпознатите настани во Вевчани е Вевчанскиот карневал. Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2200 години.

Учесници се околу 1.500 василичари. Попатно на поворката се придружуваат соселани од сите селски маала кои се упатуваат кон изворите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука