април 18, 2017

Москва, 18. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со мечот меѓу ЦСКА Москва и Басконија, денеска ќе започне плеј-офот во кошаркарската Евролига.

Натпреварот во Москва ќе се игра од 19 часот, додека еден час подоцна во Атина ќе играат  Панатинаикос и Фенербахче.Утре на програмата се дуелите Олимпијакос-Анадолу Ефес и Реал Мадрид-Дарушафака.

Четвртфиналната серија се игра во подобар од пет натпревари, и тоа по состемот 2-2-1 (дома-гости-дома), а тимовите кои ќе постигнат три победи ќе обезбедат учество на завршниот „фајнал-фор“ турнир кој сезонава ќе се игра во Истанбул во терминот од 19 до 21 мај. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука