декември 20, 2017

Охрид, 20. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на празниците од денес во Охрид започнува проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој ќе трае од 20-ти декември 2017 до 20-ти јануари 2018 година.

Станува збор за амбициозен проект со секојдневна програма на повеќе сцени во градот, со концерти, забави за најмладите, театарски претстави, Трки на келнери и Дедо Мразовци, Ден на графитите, фото изложби, промоции на книги и многу други настани.

Во меѓувреме продолжува и новогодишното украсување на градот и прилагодување на амбиентите и сцените кои ќе се користат за проектот.

Повеќе детали за проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ од Општина Охрид најавуваат за денес. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука