Белград, 14. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Црвена звезда направи нов рекорд во АБА лигата, откако сезоната ја заврши со 25 победи и еден пораз, па сосема е очекувано доминираат во изборот на идеалниот тим во регионалната лига.
Еден ден под завршувањето на основниот дел од сезоната, АБА лигата ги објави имињата на најдобрите петмина кошаркари,тројца од петте најдобри се од Црвена Звезда додека останатите двајца се од Партизан и Цедевита.Во идеалната петторка од Звезда се Стефан Јовиќ ,Чарлс Џенкинс и крилниот играч Марко Симоновиќ,од Партизан е Новица Величковиќ, додека од Цедевита е Миро Билан.
Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари, ќе стартува на 18 март во Загреб со дуелот Цедевита-Партизан, а ден подоцна (19 март) во Белград, Црвена звезда ја пречекува Будуќност. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива