Будва/Охрид, 23. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонската бокс репрезентација од денес ги стартува настапите на Светското првенство за млади кое се одржува во Будва, Црна Гора, информираат од Националната боксерска федерација на Република Македонија.
– Учествуваат 592 боксери од 73 земји во двете конкуренции. Првенството ќе трае до 4-ти ноември. Од нашите репрезентативци во рингот прв ќе влезе Ардијан Рустемовски и ќе боксува против Мутала Цимбобо од ДР Конго, потенцираат од федерацијата.
Комплетен распоред на нашите боксери на стартот од првенството:
51 кг Бајарам Мамутовски – М. Каземи (Иран)
54 кг Меридиан Алими – И. Пени (Моладавија)
57 кг Ардијан Рустемовски – Цимбобо (ДР Конго)
63,5 кг Луан Сулејмани – А. Рахал (Израел)
67 кг Лука Трифуновиќ – Д. Гуранда (Молдавија)
71 кг Наум Стојаноски – М. Аломонасид (Чиле)
80 кг Баки Ајети – Ј. Карбонел Бандомо (Шпанија)
86 кг Лиси Коџаџику – С. Румијанцау (Бугарија)/Б.Аијтмуханов (Казахстан).
Младиот боксер Наум Стојаноски е член на Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива