февруари 11, 2017

Охрид, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ” од Лескоец – Охрид, денес и утре ќе организира Технички семинар со проф. Сениор Гранд Мастер Ким Унг Чол.

Проф. Чол е претседател на комисијата за организирање турнири во рамките на ИТФ (Меѓународната Таеквондо Федерација).

– Во светот има само двајца професори, кои се носители на титулата Сениор Гранд Мастер. Наша најголема чест е што Ким Унг Чол повторно ќе гостува во Македонија, како еден од најдобрите мајстори во светот за Таеквондо, велат од „ХВА РАНГ ИТФ”, кои се организатори на настанот.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала „Тодор Александров”- Велгошти. Денес тренинзите се од 9 до 11 часот, и од 16 до 18 часот, додека на утре, 12-ти февруари, недела, тренинзите ќе бидат од 15 до 17 часот.

Со овој семинар започнувааат активностите на Таеквондо клубот „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Хва-ранг ИТФ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука