Охрид, 27. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со богата музичка програма за охриѓани и туристите, вечерва започнува третото издание на Ohrid Wine Festival.
Ќе се одржи во четврток, петок и сабота, 27-ми, 28-ми и 29-ти јуни 2024 година, на кеј „Македонија“, на потегот пред хотел „Палас“.
Вечерва, на отварањето на фестивалот, ќе настапат охриѓаните Backdoor band, Миле Кузманоски и групата „Куку леле“. Вториот фестивалски ден, во петок, на 28-ми јуни е резервиран за Urban planet, Next time и Brass brothers. Во рамки на третиот фестивалски ден, во сабота, на 29-ти јуни 2024 година, за забавата ќе бидат задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.
Концертите на македонските музички артисти ќе бидат надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна.
Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес