Струга, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, д-р Љупчо Јаневски и претседателот на Занаетчиската комора на Република Македонија, Агрон Фазлији денес потпишаа Меморандум на соработка.
– Занаетчиите преку одржувањето на традиционалните занаети придонесуваат кон славење на традицијата и зачувување на културното наследство, но важен сегмент е и поттикнување на економскиот развој на земјава, истакна Јаневски.
Без исклучок традиционалните занаети треба да бидат дел од туристичките посети, каде туристите ќе имаат можност да погледнат како се изработуваат одредени ракотворби, да споделат искуства и да купат рачно изработени предмети.
Со потпишување на овој Меморандум ќе се работи на зацрстување на соработката преку заедничко делување, подобрување на квалитетот на производите и услугите на занаетчиите, презентација и промоција на занаетчиските производи и услуги во земјата и странство преку организирање на зеднички презентации со заедничко учество на саемски манифестации.
Поминувајќи го летото во градот Струга и неговата околина, покрај освежувањето во Охридското Езеро како најстаро езеро во Европа, дегустирањето локална храна покрај брегот на реката Црн Дрим, можете да уживате во градот ако ги посетите и бројните културно-забавни и спортски настани кои се одржуваат во текот на летото. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес