ноември 16, 2017

Охрид, 16. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Регионалниот пат Р-2332 (Трпејца – Царина) низ националниот парк „Галичица“ од вчера е затворен за сите видови сообраќај.

– Од вчера започна сезонското затворање на овој правец, кое ќе трае се до 1-ви април следната година, информираат од АМСМ.

galicicapat2

Години наназад забраната за сообраќај во овој период од годината стана пракса. Секоја зимска сезона, освен што е проблем чистењето на снегот и одржувањето на овој патен правец, истиот е сообраќајно небезбеден. Стручните лица, но и рекреативците во повеќе наврати потсетуваат за ваква состојба, патот е тесен, со остри кривини и уништена заштитна ограда. Но, засега никој не презема одговорност, ниту конкретни чекори за санирање на состојбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука