октомври 14, 2019

Охрид, 14. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Работници на охридските Јавни претпријатија утрово го затворија „паркингот“ на пешачката патека, веднаш до охридската Пожарна.

На ова место, кое најчесто се користеше за паркирање на автомобилите додека граѓаните ги извршуваа административните работи во Полиција или Пожарна, од утрово се поставени бетонски топки, кои оневозможуваат паркирање.

Ова е последна од мерките, откако претходно „пајакот“ имаше полни раце работа во овој дел на градот.

Сепак, и покрај оваа мерка проблемот ќе остане, а ќе се направи уште поголема гужва на паркингот на зградите во околината, на што жителите во овој град реагираат веќе подолго време. Со новите правила за паркирање во центарот на градот, голем дел од граѓаните токму овде бараат бесплатен паркинг, со што се прави огромна гужва. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука