мај 16, 2017

Охрид, 16. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на туристичката сезона, во Охрид ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим.

На состанокот кој се одржа со претставници од СВР Охрид, претставници на секторот за локален економски развој, општинските сообраќајни инспектори за патен сообраќај и туристичките агенции од Охрид, беа прецизирани деталите.

Договорени се интензивни и системските мерки што полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, ќе ги презема ова лето заради елиминирање на одредени проблемски состојби во сообраќајот, посебно евиднетни во текот на летната туристичка сезона.

Нема да има влегување на туристичките автобуси во централното градско подрачје, а на дел од улицата „Партизанска“ на потегот од студентскиот дом „Никола Карев“ до „Комерцијална банка“ ќе биде одреден паркинг простор за привремен запирање на туристичките автобуси. Тој паркинг простор ќе биде наменски исклучиво за кратко застанување на туристичките автобуси и симнување на туристите. Дозволена и обврзувачка рута за туристичките автобуси е булеварот „Туристичка“ и улиците „Димитар Влахов“ „Кузман Јосифоски Питу“ и „Партизанска“ односно „15 корпус“, „Питу Гули“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифоски Питу“, „Партизанска“.

Присутните на координативната средба искажаа надеж дека со прецизно одредената рута, ќе се стави ред при движењето на автобусите низ градот и ќе се елиминираат досегашните проблеми при нивното движење посебно во централното градско подрачје.

Дозволени паркинг места за туристичките автобуси, по договор со Јавното претпријатие „Билјанини извори“, останува просторот кај Градскиот полигон, на булеварот „Асном“ кај „Охридати“ и во непосредна близина на Јавното претпријатие „Водовод“ кај „Биљјанини извори“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука