Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети и Супер радио во текот на денешниот ден организираа хуманитарна акција за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески-Тачо, кој боледува од тумор Астроцитома, кој треба да се оперира во Италија.
– Нашите активисти денес продадоа неколку стотини вкусни слатки од слаткарата „Анабела“ во рамките на мини-продажната акција во центарот на градот и по охридските кафе барови и ресторани. Слатките беа посебно запакувани, а се продаваа по цена која ја одбираа самите купувачи. Сите средства по завршувањето на акцијата ќе бидат уплатени на сметката која е отворена за помош на Трајан, велат организаторите кои упатуваат јавна благодарност до сите угостителски објекти во градот кои ја поддржаа акцијата и дозволија во нивните објекти да се спроведе акцијата.
Комплетната акција е организирана и поддржана од иницијативата „За добро“ на Супер радио.
Трансакциска сметка: Trajan Celeski 210501663814471 NLB Banka. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес