Сиетл, 02. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од една третина од родителите велат дека поминувале десет минути или помалку со педијатрите на нивните деца, што се загрижувачки бројки, вели д-р Венди Сју Свансон, педијатар во Детскиот оддел на болницата во Сиетл.
Често носете ги децата на прегледи. Ако се грижите за развојот на вашето дете, важно е да го носите често на преглед, бидејќи раната интервенција значи подобри резултати, додава д-р Свансон.
Многу родители драгоцено време трошат во пребарување на соодветни лекови за некоја болест на интернет. Она што ќе го каже педијатарот, може да има сосема различна дијагноза или решение.
Интернетот е одлична можност за прибирање на информации, но не и кога станува збор за здравјето на децата. (Крај)
извор: ОхридПрес/Foxnews фото: архива