септември 16, 2021

Охрид, 16. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во првата половина од месец септември во Охрид се регистрирани 219 нови случаи на COVID-19.

Во овој период оздравени се 43 пациенти, а починаа 11 лица. Моментално во градов има 617 активни случаи на вирусот. Од почетокот на пандемијата во Охрид се регистрирани 5.741 случаj на лица заболени од COVID -19.

Заклучно со 11-ти септември во Охрид прва доза вакцина против COVID-19 примиле 27.784 лица над 18 години, што е 62,3% од населението. Комплетно имунизирани се 24.734 лица. Со ова Охрид и понатаму е при врвот на листата македонски градови со најголем опфат на вакцинирано население. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука