јануари 3, 2017

Охрид, 3. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Трговците за Божикните празници кои следат, ги зголемуваат цените на прехранбените прозводи, претежно на овошјето и зеленчукот.

Со надеж дека со покачувањето на цените, повеќе ќе заработат, така и годинава се применува практиката на наместо да има поефтинување на прехранбените производи, истите поскапуваат.

Потрошувачите, пак, се трудат обично пред празниците да ги набават потребните намирници, велат охриѓани. Во главно купувачите не се задоволни од зголемувањето на цените.

Дел од градинарските производи и овошјето, кои до пред извесно време беа со попристапни цени, сега се поскапени за плус 30 денари по килограм. На пазарот има зголемување на цените и на зрнестата храна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука