април 27, 2017

Охрид, 27. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – За претстојниот продолжен празничен викенд, во Охрид најбројни ќе бидат странските туристи.

Се очекуваат туристи од Германија, Шведска, Хрватска, Норвешка. Исто така, како што дополнуваат од менаџерскиот тим на хотелот „Миленум Палас“, голем интерес владее и кај туристите од Турција.

– Пополнетоста на капацитетите конкретно за 2 мај е со максимална исполнетост, немаме ни едно празно место за тој ден. Додека за 30 април и 1 мај исполнетоста е околу 70%, а во последен момент може да има резервации. Во однос на возрасната граница на туристите, претежно станува збор за повозрасни гости, додаваат од хотелот „Миленум Палас“.

Што се однесува до домашните туристи, за први мај не пројавуваат голем интерес за посета на Охрид, но не се исклучува можноста во последниот работен ден од неделава да има инстантно зголемување на нивниот број.

Додека за охриѓани, интересни понуди за патување за 1 Мај, се турите за нашите соседни земји. Според понудата на туристичката агенција „Венус Травел“ од Охрид, најбарана дестинација е Белград. Исто така има заинтересираност и за патување во Паралиа – Грција, Истанбул – Турција и Будва – Црна Гора. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука