Струга, 30. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – За прв пат во Струга во јуни ќе се организира голем спортски настан.
Настанот насловен „Форма Вита Опен 2017“ се однесува на активности за практикување фитнес на отворено. За сите заинтересирани стружани, но и граѓани од други градови, кои ќе пројават интерес за настанот, ќе има рекреативни натпревари во трчање и вежбање.
Настанот ќе биде на 4 ти јуни, недела.
Како што најавуваат организаторите, на почетокот на стортскиот ден во Струга, предвидено е трчање покрај езеро а потоа ќе следи најголемата фитнес забава на летната сцена во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. За сите учесници ќе има многу награди и изненадувања.
Пријавувањето е во тек во Спортскиот центар „Форма Вита Струга“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива