септември 12, 2017

За Охридцките работи Бр. сл. 023/06/2017 Охрид, 12. септември 2017 година

Одма да се разбереме – не ни треба референдум, референдумот е премногу општ, не знаеме ни кој би дошол, ни за кого, ни против кого е реално, кој се` ќе влезе во оваа ставка, ниту тие луѓе ни згрешиле нешто и уште многу ниту…

Најблаго кажано е перверзно да правиме ваков референдум кога имаме неколку стотини внатрешно раселени лица во државава од конфликтот во 2001 година, кои не можат да се вратат дома. Не треба да прави ваков референдум народ што има уште една држава по број на население надвор од границите, некако премногу Трамп е муабетов (ќе Ви изградиме ѕид и вие ќе го платите).

sednicasovet12sepод рубриката „Верувале или не“: Советот на Општина Охрид денес расправаше за референдум за бегалците

Ни требаат разумни лидери и јасен став и соработка со големите кои ја водат главната приказна. Иако сме мали, треба јасно да ставиме до знаење дека ние немаме ниту капацитети, ниту можности, а да бидам искрен ниту желба да примаме „бегалци“. Различни култури се во прашање, во комбинација со мала земја со (во глобални рамки) малку жители, тоа знае да е опасна комбинација. Не треба некоја којзнае колку голема бројка за тотално да се смени демографската карта во државава, а ќе се сетите дека еднаш имавме ваков случај кога дадовме 150 илјади државјанства.

Како тоа сега се згрозуваме – замислете имало или ќе имало бегалци, а неколку години наназад немаше ден во полицискиот билтен да нема вести – 10 бегалци фатени, 20 бегалци фатени, 50 фатени итн. Сигурно ги паметите и настаните од февруари минатата година, кога имаше и судири со полицијата, а на Идомени имаше камп со над 10.000 бегалци кои имаа „блиска средба“ и со грчката полиција.
Како?
Вака…

Ако веќе се случи таков бран или „навала“, на влез кај „Богородица“ нека се изјаснат јасно за каде се, па со организиран превоз (за ова нека дадат помош големиве), со наша контрола, да ги испратиме до следната земја. Ќе е поголем логистички зафат, но со добра организација може да се заврши. Ако сакаат да останат тука, да се направат јасни процедури кој може, кој не може да биде жител на оваа држава.
Ако не може така, тогаш на „големиве“ да им ја пратиме пораката од Трајкоски од 1999 година. Многу негови постапки и одлуки се далеку вон моите лични убедувања, но за ова беше во право 100%. Мора цврсто да застанеме зад нашите државни интереси.

tabelaanketaДенес читав една анкета и верувале или не најмногу рејтинг (30%) имаше кандидатот НИКОЈ.

Е па прстот на умот!!!

Сашо Митан

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука