Охрид/Скопје, 9. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на патници превезени од двата аеродроми, „Александар Велики“ – Скопје и „Свети Апостол Павле“ – Охрид, во првите шест месеци од годинава бележи пораст од 6 проценти, во споредба со истиот период лани.
За половина година од аеродромите во Скопје и во Охрид се превезени 860 130 патници, а само во текот на минатиот месец се евидентирани 170 047 патници.
Според податоците од концесионерот ТАВ, во анализираниот период се забележани 7 783 прелети.
Минатата година услугите на македонските аеродроми ги користеле 1,8 милиони патници, односно на годишно ниво бројот на патници бил зголемен за 15 проценти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21