Охрид, 21. јануари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од почеток на месецов, заклучно со 20-ти јануари во Охрид се регистрирани 748 нови позитивни случаи на Covid-19.
Во овој период имало 375 оздравени пациенти, а 9 починале како последива на компликации предизвикани од вирусот. Моментално во градов има 616 активни случаи на Covid-19.
И понатаму нема голем број хоспитализации, но многу голем е бројот на амбулантски случаи.
Охрид е меѓу седумте градови во земјва каде е детектиран сојот Омикрон. Неговата брза преносливост придонесува за големиот број позитивни случаи. Ваквиот тренд може да резултира месецов да го завршиме со и до 1.000 новозаболени, што ќе претставува своевиден рекорд за Охрид на месечно ниво од почетокот на пандемијата.
Токму ваквата епидемиолошка состојба го одложи стартот на второто полугодие во основните и средните училишта, па учениците ќе почнат со настава на 1-ви февруари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес