Охрид, 2. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид го збогати книжниот фонд со нови наслови.
Читателите ќе можат да одберат од бројните наслови на книги од домашни и странски автори.
Меѓу новите наслови се делата „Човекот од маглата” од Донато Каризи, „Ангелско дрво” од Лусинда Рајли, „Никогаш не свртувај го погледот” од Линвуд Баркли, потоа „Куќата на орхидеите” на писателката Лусинда Рајли, „Без тебе” од Мишел Биси и други.
Достапен за читателите е епот „Гилгамеш”.
Од домашната литература, книжниот фонд е збогатен со книгите „Печалбари” од Антон Панов, „Панонски легенди”, „Мице” од Ванчо Николески, „Македонска книжевност од 19 век и 20 век” – од Томислав Тодоровски, „Антички календари” на авторката Лидија Ковачева.
Од популарната белетристика читателите ќе можат да ги прочитаат: „Хари Потер и полукрвниот принц” од Џ. К. Роулинг, „Јавен настап” од Дејл Карнеги и други книги.
Од лектирните изданија, реотпечатени и во ново руво можат да се најдат книгите: „Хајди” од Јохана Шпири, „Повикот на дивината” од Џек Лондон, „Улавите години” од Бранко Ќопиќ и други.
Проектот е финансиран од Министерство за култура на Република Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива