Охрид, 9. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Долгогодишна потреба на жителите од Рача беше изградба на тротоар на коловозот кон Охрид. Затоа како одговорна Локална самоуправа презедовме активности за изградба на тротоар, информира градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков.
– Согласно проектот предвидено е торотоарот да е во должина од 600 метри и да биде ограден со рабници. Вредноста на зафатот е 2.300.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. Изведувач на градежните зафати е ЈП „Нискоградба“. Со овој зафат значително се зголемува безбедноста за движење на пешаците, додава Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22