април 8, 2017

Охрид/Скопје, 8. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март годинава, во однос на претходниот месец, бележи зголемување.

Пораст на цените на производите има кај овошјето, безалкохолните пијалаци, пекарските производи, зеленчукот, брашното и другите
житарици.

Во март, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионскиот превоз на патници, болничките услуги, поправката и изнајмувањето на облека, телефонските и факс услугите, услугите за култура, стоматолошките услуги и
предметите за лична хигиена и здравје.

Намалување има само кај преработките од риба и морски
плодови, месото, сирењето и алкохолните пијалаци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука